-Во трговските центри мора да биде назначен корона редар кој е одговорен за почитување на мерката за носење маска, а доколку објектот има повеќе влезови и излези, има повеќе катови и површина поголема од 500 квадратни метри, мора да бидат одредени повеќе корона редари, истакнато е во наредбата.
Исто така, угостителите кои се занимаваат со шалтерска продажба во трговски центри ќе треба да обезбедат пред пултот да не се собираат голем број луѓе и да меѓу нив има растојание од најмалку два метра. Кога станува збор за други услужни активности, мерките остануваат исти, што значи дека сите видови продажни и услужни објекти можат да работат до 22 часот, што вклучува и тераси на рестораните и кафулиња, но без музика во живо.
Аптеките, бензинските пумпи, доставата на храна и ординациите и лабораториите од областа на медицината, стоматологијата и ветеринарната можат да работат неограничено.
Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека заштитни маски треба да се носат и во терасите на кафулињата, сè додека не се консумира пијалокот.
Извор : https://opserver.mk/