Видеото е идеја на магазинот Buka од Босна и Херцеговина и е дел од кампањата против говорот на омраза, која ја реализира магазинот.
„Темата на видеото е инспирирана од слоганот Hej, Sloveni, кој е претворен во Hejt SLOVEni бидејќи омразата стана најнормална работа, како Добар ден. Видеото покажува колку сме навикнале на говорот на омраза, а знаеме колку е опасен и какви страшни последици може да има,“ вели уредникот Александар Трифуновиќ.
Режијата на видеото ја потпишува филмскиот режисер Предраг Личина.
Извор : https://fashionel.mk/