Пензиските системи постојано се менуваат низ целиот свет. Најновите информации се дека Владата на Јапонија планира да ја зголеми возраста за пензионирање од 65 на 70 години.
Минатата година Полска ја помести старосната граница, така што граѓаните на оваа земја ќе можат да се пензионираат само на 67-годишна возраст. Во меѓувреме, Велика Британија и Финска го зголемија ограничувањето на 68.
Германија
Во Германија, старосната граница постепено се менува и се планира да се пензионираат до 2031 година. Во моментов трае 65 години и 7 месеци, и за жени и за мажи.
Австрија
Жените во Австрија се пензионираат на 62 години, а мажите на 65 години. Планот на австриската влада е да се изедначи возрасната граница за жените до 2024 година со возрасната граница за мажите. Во Австрија е посебно што од 2020 година, минималната пензија, за лица со 40 и повеќе години работно искуство, е 1.200 евра нето.
Шведска
Шведска исто така сака да ги изедначи возрасните граници за мажи и жени. Таму, работниците можат да се пензионираат на 67-годишна возраст.
Норвешка
Во Норвешка постои план за изедначување на возрасната граница за мажи и жени до 2030 година. Во моментов, мажите во оваа земја се пензионираат на 67-годишна возраст, а жените на 64-годишна возраст.
Македонија
Во Македонија, според Законот, се предвидува задолжително пензионирање на 64 години, но, сепак останува можноста жените да се пензионираат и на 62 години, како што е регулирано во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.