Поминаа речиси две недели од последната промена на цените на горивата во Македонија, кога имавме поскапување од 2 денари.
Регулаторната комисија за енергетика напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата во Македонија.
Со последното поскапување Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 изнесува 34,534 ден/кг.
Останува да видиме дали утре ќе плаќаме поевтино или поскапо гориво.