Центри за вакцинација се формирани во неколку од најголемите трговски центри и пазари во поголемите градови, овозможувајќи им на посетителите да се вакцинираат без претходна најава и доколку нема редица за чекање, да го сторат тоа за помалку од еден час
Ова е начинот на кој Казахстан одлучи ја забрза вакцинацијата на жителите на возраст над 18 години.Оваа држава во Централна Азија, која имала нешто повеќе од 4.000 смртни случаи од ковид-19, се бори со новиот бран на инфекции.
Целта на казахстанските власти е да го олеснат процесот на вакцинирање што е можно повеќе.
Вакцинациите можат да се прават од осум наутро, а медицинскиот персонал вели дека многумина доаѓаат да го сторат тоа пред работа. Рускиот Спутник V се дава бесплатно, дури и на странци кои работат во земјата.
Во оваа богата со нафта поранешна советска република со 19 милиони жители, досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани со Спутник V, покажуваат официјалните податоци.
Казахстан има 330 000 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а најголемиот дневен број беше на 10 април, кога имаше 2.842 нови случаи.
Во земјата, сè уште се применуваат некои ограничувачки мерки, како што е онлајн школување, додека продавниците, кафулињата и рестораните се отворени, а услужниот сектор бележи позитивен раст од февруари.