Времето денеска:
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми. Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне во јужните делови ќе се промени во источен и југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
Сабота:
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Недела:
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Oблачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.