Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, таа е повисока за 2,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).
Фирмите од областа на компјутерско програмирање, и консултантски услуги, фармацевтската индустрија, компаниите од областа на телекомуникациите и вработените во воздухопловниот транспорт имаат највисоки просечни плати во Северна Македонија, кои се движат од 40 до над 70 илјади денари. Најплатени и на почетокот на оваа година се информатичарите.
Покрај информатичарите, со подобри просечни плати од 55.895 денари на листата се најдоа вработените од стручни научни и технички дејности, фармацевтите – со просечна плата од 46.720 денари, вработените во воздухопловниот транспорт каде просечните месечни приходи на вработените се 43.372 денари, потоа вработените во компании за снабдување со електрична енергија и гас, каде просечната плата е 41.443 денари, а малку повисока просечна плата земаат и вработените во телекомуникациите – 41.742 денари. Во областа на информациите и комуникациите, пак, просечните плати се 53.104 денари.
За разлика од овие области, во рударството просечната плата се движи околу 34. 491 денари, во преработувачката индустрија – 23. 690, во правните и сметководствени дејности – 35. 153 денари , а во научно истражување и развој – 36. 975 денари.
Извор : https://lokalno.mk/