Пратениците од Собранието денес ќе се вакцинираат против ковид-19 во „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот.
Во земјава граѓаните се вакцинираат со „Фајзер“, „АстраЗенека“, „спутник“ и со кинеската вакцина.
Според најавите, на 26 април треба да стигнат уште 10.000 дози од „Фајзер“, а околу 28 април треба да стигнат 200.000 кинески вакцини.
Во земјава досега се вакцинирани 44.974 граѓани, а пријавени се 192.459 граѓани.