РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО УСЛОВИ НА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕ ОД 21 ДО 5 ЧАСОТ
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека јавниот превоз од утре, среда (28.04.2021 год) ќе функционира до 21 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21 до 5 часот.
Во ПДФ прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот.
Останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 6 до 19.30 часот.
Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.
И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.