Македонците ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест во пресрет на летната туристичка сезона.
Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на западен Балкан –Македонија, Србија, БиХ, Косово и Албанија, како и од Хрватска, соопштија властите.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и државите од источниот блок од кои традиционално има многу туристи во Црна Гора – Русија, Белорусија и Украина.
Извор : https://kanal5.com.mk/