Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот, е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти.
Кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април. Сега работат до 20.30 часот, бидејќи според минатонеделната одлука на Владата полицискиот час почнува од 21 часот. Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците во црквите и манастирите го прославуваа Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан бајрам, односно вечерта на 12 мај.
– Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда), се додава во соопштението.