Србија ги олабавува мерките за заштита од ковид со тоа што од петок, 7 мај, ќе дозволи угостителските објекти да работат и во затворените делови, но под одредени правила. Во затворениот дел ќе биде дозволено 50 отсто исполнување на капацитетите, меѓу масите да има растојание од метар и половина, а музиката ќе биде забранета.
Како што соопшти епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ од Кризниот штаб, музиката се забранува со цел луѓето да не мора да се надвикуваат да за може да се слушнат додека разговараат.
Угостителските објекти ќе бидат со работно време до 22 часот, а што се однесува до групирањето дозволено ќе биде до максимум пет лица на едно место.
Во Србија денеска се регистрирани нови 1 366 случаи на ковид, а починаа 21 лице.