Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку Лидл ќе го гради. Во таа насока е и информацијата за купување земјиште за изградба на објектот.
После добрите искуства со своите подружници во Хрватска и во Србија Лидл годинава одлучи да се прошири и во другите земји во регионот. На големо се зборува за влегувањето на Лидл Во Босна а од пред некое време се знае дека Лидл влегува и во Македонија
Според податоците, подружницата е под називот „Лидл Северна Македонија Дооел“, седиштето е во општина Центар, Скопје и е основана со паричен влог од 500.000 евра. Новата компанија ќе биде управувана од Софија, од бизнисмените Милена Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Тие се управители во компанијата во Бугарија. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавници и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.
Магазинот InStore уште во јуни ексклузивно објави дека „Лидл“ ќе влезе во Македонија. Според нивните извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку Лидлќе го гради. Во таа насока е и информацијата за купување земјиште за изградба на објектот.
Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица-пишува Бизнис Вести
„Лидл“ од 2018 година почна да работи во Србија, при што истовремено отвори 16 продавници во 12 градови и има повеќе од 40 објекти. Во Хрватска, пак, работи од 2006 година. Инаку, трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД.
„Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.