Дали некогаш се чувствувале дека колку и да се трудите, едноставно не можете да заштедите пари? Секогаш кога ќе се обидете да направите чекор напред во вашиот финансиски живот ќе се појави некој неочекуван трошок што ве врати два чекори назад?
Не сте единствени, сите сме биле во ваква ситуација. Но, тоа не значи дека треба да ја прифатите оваа состојба и да се помирите со тоа дека ќе живеете од плата до плата до крајот на животот.
Доколку сте подготвени да ја промените вашата финансиска состојба, погледнете ги следниве 5 причини поради кои луѓето не можат да заштедат пари.
Немате буџет
Навистина е тешко да заштедите пари доколку немате буџет, посебно доколку вашите примања не се многу високи. Буџетот ќе ви помогне да откриете на што точно ги трошите парите и да дознаете во кои категории би можеле да ги намалите трошоците.
Не ги следите вашите трошоци
Многу луѓе не сакаат да ги следат своите трошоци затоа мислат дека ќе им одземе премногу време или се плашат да видат колку всушност трошат. Соочете се со вашиот страв и започнете да ги следите вашите трошоци уште денес. Бесплатни апликации за следење на трошоците се: Wallet, Monefy, Goodbudget
Не сакате да побарате помош
Верувам дека сакате да ја промените вашата финансиска состојба но не знаете од каде да започнете. Имате финансиски цели но немате идеја кој е најдобриот начин истите да ги остварите. Побарајте помош од некој што веќе го има остварено она што вие сакате да го постигнете. Тоа може да бидат пријатели, роднини или познаници.
Не посветувате доволно време на вашите финансии
Важна причина зошто не заштедувате пари е затоа што едноставно не посветувате време на вашите финансии. Важно да одвоите барем еден час неделно за да бидете сигурни дека се држите до вашиот финансиски план
Трошите многу пари на кирија
Скоро е невозможно да заштедите пари доколку трошите премногу пари на кирија бидејќи најчесто тоа е најголемиот трошок што го имаме. Доколку вашиот дел за киријата изнесува повеќе од 30% од вашите примиња, размислете за преселување во помал стан/куќа, со цел да заштедите повеќе.
За повеќе финансиски совети следете го профиилот на МОИ ФИНАНСИИ