Viber го зголемува бројот на корисници за групни видео повици
Viber можеби не е фактички стандард како WhatsApp или Messenger, но платформата и натаму ја следат најмалку 500 милиони луѓе само на Android.
Како и поголемиот дел од конкурентите, на почетокот на пандемијата, Viber брзо го зголемување ограничувањето за групни видео повици. Во напомената за ажурирањето на Play продавницата откриено е дека сега можете да упатувате видео повици со до 30 учесници одеднаш, наместо досегашните 20. Иако оние кои рутински разговараат со поголемите групи, веројатно се состануваат со помош на различните услуги, Viber ажурирањето би требало да го олесни следењето на повеќе пријатели одеднаш, ако ионака веќе ја користат апликацијата. Како и претходно, одеднаш ќе можете да видите до шест луѓе на екранот на телефонот. За да видите повеќе, морате да повлечете налево додека сте во повикот. Судејќи според Help страницата, ограничувањето на 30 учесници им е достапно на сите Viber клиенти, вклучувајќи ги апликациите за компјутери и мобилни уреди.
Покрај тоа, Viber ажурирањето донесува нова опција за администраторите на заедницата. Тие сега можат да постават псевдоним, односно друго име и фотографија, кога нешто ќе и испратат на својата заедница. Најновата верзија на Viber можете да ја преземете од Play продавницата, но и од APK Mirror.