Грција од од утре го отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната средба со грчкиот колега Константин Мицотакис во Атина.
Грција нагласува дека вакцинирањето не е задолжителен услов за влез во земјата, туку доволен ќе биде и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, односно доказ за прележан ковид-19. Ако вакцинацијата е целосна, односно минале 14 дена од втората доза и вакцинираниот има соодветен вакцинален сертификат, тогаш не треба доказ за негативен тест.