Билетите за Македонија на ЕП од вчера пуштени во продажба
Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) информираат дека од 17 мај, па сè до 26 мај, до 14:00 часот, секој македонски фан кој сака да ги следи настапите на селекцијата ќе може да аплицира за билет.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе обезбеди пристапни кодови за навивачите на веб-сајтот за влезници во УЕФА, кои претходно контактирале со федерацијата за продажба на билети. Влезниците ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.
Вчера стигна уште една убава вест од Романија. Македонските навивачи кои ќе сакаат да ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт.