![Се подготвуваат протоколите – Свадби најдоцна од 15 јуни](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/50/11a63205-resize-820x0x100.jpg)
На вчерашната владина седница се разговарало за протоколите за организирање свадбени прослави
Како што дознава Алсат, според информациите од Владата, ако се одржи нискиот тренд на новозаболени од Ковид-19, како во последните недели, рестораните за венчавки ќе се отворат на 1 јуни или најдоцна до 15 јуни.
Се разбира, тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба. Протоколите за организирање свадбени прослави се подготвуваат и наскоро ќе бидат презентирани пред сопствениците на објектите за да можат да се подготват за организирање на прославите.