По 15 години производство во странство, „Алкалоид“ ќе започне со производство на влажните марамчиња Бекутан во нашата земја. Оригиналната формула на овие марамчиња креирана од фармацевтските експерти на „Алкалоид“ за прв пат е воведена во 2006 година. Процесот за нивно производство, како што информира фармацевтската компанија, ќе се спроведе во погоните на компанијата „Лафома“ во скопски Ѓорче Петров.
Технолошката и производствената опрема се набавени од Хрватска и од Турција, а во изведбата на проектот беа вклучени десетина македонски компании. Новата линија овозможува пакување од 5 до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута.
Becutan е водечки бренд за детска козметика на македонскиот пазар, познат и признат и на пазарите во регионот, со традиција од 43 години, присутен на пазарите во 25 земји.