
Можно е да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски. Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни - изјави Филипче за ТВ21.
Следната недела ќе одржи состанок Комисијата за заразни болести и ќе одлучи какви мерки за заштита од коронавирусот ќе бидат активирани од 1 јуни, а ќе биде разговарано и за евентуално симнување на заштитните маски од лицата, изјави за ТВ21 министерот за здравство Венко Филипче.
– Можно е да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски. Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни – изјави Филипче.
Маските станаа задолжителни со самиот почеток на пандемијата минатата година во март, но некои држави веќе носат одлуки да ја укинат ваквата мерка.