Министерството за труд и социјална политика во моментот не работи на законско решение за предвремена пензија со откуп на стаж. Тоа е оставено за наредната година, откако ќе се направат детални анализи, изјави Министреката Шахпаска. Таа објасни дека акцентот годинава е ставен на законот за недела неработен ден и системскиот Закон за работни односи кои бараа повеќе време и поголем ангажман.
-Оваа година наш таргет се овие закони, Законот за работни односи, каде ќе биде вграден и недела неработен ден и Нов закон за бебедност и здравје при работа, истакна Шахпаска и потенцира дека треба да направат темелна анализа, за да се види какво знаење ќе има таквото законско решение врз веќе стабилизираниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.
-Законското решение со кое се предвидува одење во пензија на мажите и жените на 64 години се наоѓа во Собрание. Го предложија пратениците и во изминатиот период имаше 482 амандмани. Ова е системски закон кој според моите сознанија ќе биде деблокиран и ќе продолжи собраниската процедура, рече Шахпаска.
Министерката додаде дека законот предвидува одење во пензија на 64 години и за мажите и за жените и 15 години работен стаж, но дека доколку жените сакаат може да поднесат барање за да се пензионираат на 62 години возраст.