Бројот на работници во индустријата, во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
НАЈДИ РАБОТА ВО ТВОЈОТ ГРАД - СИТЕ ОГЛАСИ СЕ НА ЛИНКОТ
Бројот, пак, на работници во индустријата во периодот јануари – април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,1%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи опаѓање од 6,9%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2%.