Ако сакате ова лето да го поминете во перфектна комбинација помеѓу работа и одмор не дозволувајте да ја пропуштите оваа шанса за вработување во Будва, Црна Гора.
Хотелиерската групација “Будванска ривиера“ е компанија со богата традиција во обезбедувањето на угостителски услуги и развој на туризмот. “Будванска ривиера“ е и најголемата компанија во оваа дејност во Црна Гора која вработува околу 360 постојани и 450 сезонски работници.
Објавени се 10 огласи, а слободните места се наменети за работници од Македонија.