Две дози вакцина против коронавирус во Македонија примиле 107.648 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 239.283 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.995 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 доза вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани“, соопшти МЗ.
Со последните бројки, 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани.