Грција одлучи да ја помести возрасната граница за децата на кои им е дозволено да влезат во земјата без ПЦР-тест, за една година, така што тоа сега важи за деца на возраст до шест години.
До крајот на јуни се очекува во Грција без ПЦР тест да може да влегуваат децата до 12 години.
Во земјата може да се влезе со доказ дека сте прележале Ковид – 19, односно со зачуван позитивен ПЦР тест или тест за антитела, под услов да поминале најмалку два месеца од дијагностицирањето на болеста и не повеќе од девет месеци од дијагностицирањето на болеста.
Исто така, може да се влезе со сертификат за вакцинација, а потребно е да поминат најмалку 14 дена од ревакцинацијата.
извор: tocka.com.mk