Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).На која Vrabotuvanje.com традиционално ќе биде главен покровител и поддржувач.
Конференцијата повторно ќе биде домаќин на повеќе од 20 истакнати говорници, професори и практичари со напредни размислувања од странство, кои ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.
Учесниците на Конференцијата, како и досега, ќе имаат можност да слушнат излагања од експерти во оваа област, да бидат во тек со HR трендовите, да добијат увид, да ги споделат своите идеи и да се вмрежат со колеги и извршни менаџери од својата професија. Воедно, во рамките на Конференцијата ќе бидат организирани и HR Expo 2021, како и „Глобален Панел“, на кој ќе учествуваат претставници на Меѓународни HR асоцијации од пет различни континенти. (To be confirmed)
Наскоро ќе објавиме дополнителни информации, вклучувајќи ја и листата на овогодинешните реномирани говорници.
Ве повикуваме да ги сочувате датумите 21 и 22 Октомври 2021 година во Вашите бележници и роковници за учество на 13. Меѓународна HR конференција...
Во најава13. Меѓународна HR конференција во Октомври!
Aktualno
-
Порано беше задоволство, а сега е луксуз – правењето домашен џем стана неисплатливо хоби
Во последните години, високите цени на овошјето на пазарите во Скопје се покажаа како значителна пречка за многу граѓани кои сакаат да ги сочуваат традициите на домашното конзервирање храна.
-
Ова се топ 10 европски туристички атракции: Во еден град можете да видите дури три
Најстариот континент е богата ризница на атракции, локалитети, културно-историски споменици и други знаменитости кои секојдневно привлекуваат милиони туристи од целиот свет. Кои атракции мислите дека се најдобри во Европа?
-
Објавена е листата на најдобрите авиокомпании во светот, меѓу првите пет нема компании од Европа
Британската компанија Skytrax, која се занимава со рејтинг авиокомпании, ја објави листата на најдобрите за 2024 година. На самиот врв беше Катар ервејс, а европските авиокомпании не успеаја да влезат во првите пет.
-
Сабрина е првата слепа пилотка на светот: Управува со авион, сите се прашуваат како, а за неа важат специјални правила
Сабрина Пепа е жена која докажала дека остварувањето на соништата е можно и покрај се. Нејзината приказна која е прикажана на ТВ Прва во емисијата „Galileo“ го шокираше светот – таа е слепа, но тоа не и претставува проблем да управува со авион.
-
Нови цени на горивата од полноќ, има поскaпување
Прочитајте!
-
Ориз повеќе од 6 евра, еве колку чини чоколадо и маслиново масло: Објава со цени во црногорски маркет за неверување
На социјалната мрежа Инстаграм се појави објава со цените на три прехранбени производи, ориз, маслиново масло и чоколадо, во црногорски маркет на што корисниците на мрежата не останаа рамнодушни.