Европскиот парламент донесе одлука за дигитални COVID сертификати што ќе го олеснат патувањето во рамките на Европската унија, почнувајќи од 1 јули оваа година.
Како што беше најавено, сертификатот ќе го издаваат националните служби и тој ќе биде бесплатен. Ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе содржи QR-код. Оваа потврда ќе покаже дека лицето е вакцинирано, има негативен резултат или се опоравило од Ковид-19. Исто така се додава дека сертификатот нема да биде предуслов за слободно движење, па затоа нема да се смета за патна исправа. Нема дополнителни ограничувања.
Во соопштението се нагласува дека не можат да воведат дополнителни ограничувања за патување на оние кои имаат сертификат, како што се карантин, самоизолација или тестирање“, освен ако не се пропорционални и неопходни за заштита на јавното здравје.
Сите земји-членки на ЕУ ќе мора да прифатат сертификати од други земји-членки за вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Досега, вакцините од Pfizer / Biontech, Moderna, AstraZeneca и Johnon & Johnson се одобрени за територијата на ЕУ.
извор: denar.mk