Фактот што речиси 70% од денот кога сме будни го поминуваме во канцеларија, кажува многу за тоа колку е важно добро да го одбереме работното место и условите кои ни се нудат. Денес и голем дел од нашите поголеми компании и странски инвестиции пробуваат да воведат западен стил на работење со придобивки за вработените.
Ова се светските компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените со „слатки“ додатоци.
Бесплатна храна за вработените, бесплатна масажа, ѕид за спортско искачување, јога се само дел од она што секој вработен го добива во оваа компанија. Доколку некој од вработените почине, Google продолжува да исплаќа на партнерот на починатиот 50% од неговата плата во следните 10 години.
Starbucks
Факт е дека ретко кое кафуле дава придобивки на баристите и келнерите. Но, не и во Starbucks. Секој вработен добива комплетно покриена школарина за онлајн диплома на универзитетот во Аризона. Вработените во седиштето добиваат грижа за децата (градинка во склоп на канцелариите) и фитнес центар на работното место.
Disney
Вработените во Disney имаат бесплатен влез во секој Дизни парк на светот – за себе, фамилијата и пријателите. Исто така, имаат попуст во сите хотели и ланци на продавници на Дизни.
За секој вработен во Facebook кој ќе се одлучи да стане родител има 4 месеци породилно отсуство (вообичаенo во САД породилното трае 12 недели), платени трошоци за детето во првата година и 4000 долари за полесно снаоѓање со новороденчето. Секој вработен добива 3 оброци дневно.
Секој вработен може да си одбере производи од Apple кои ќе му се од помош за да биде попродуктивен на работното место.
Netflix
Во Нетфликс вашата продуктивност не се мери според тоа колку часови неделно сте работеле, туку е важно да си ги остварувате целите и задачите. Никој не се оптоварува кога сте пристигнале или кога сте си заминале од работа.
Бесплатни оброци, фитнес центри и спортување за сите вработени. Тие исто така обезбедуваат градинка за децата и грижа за миленичињата додека се на работа.
Jack Daniel’s
Секој вработен има по едно шише виски бесплатно секој месец.
Бесплатни часови по крос-фит, бесплатни оброци и неограничен број на слободни денови.
AirBnB
Им дава на вработените 2000 долари кои можат да ги искористат во AirBnB домови било каде во светот. Можат со себе на работа да ги носат и своите миленици секој ден освен во петок кога е „Formal Friday“- единствениот формален ден во компанијата.
Yahoo
Компанијата обезбедува големи попусти во ски ресорти и забавни паркови. На располагање имаат бесплатни часови по јога, кик-бокс, пилатес и голф.
Heineken
Полн бар со пиво достапен за сите вработени 24/7!
извор: www.crnobelo.com