8 од 10 луѓе веруваат дека милијардерите треба да го искористат своето богатство за да помогнат на милиони гладни луѓе во светот и да придонесат кон креирање подобри животни услови за истите. Џеф Безос може да го донира најголемиот дел од своето богатство за гладните во Африка а сепак да продолжи да води луксузен живот. Тогаш зошто не го направи тоа?
Најголем дел од луѓето мислат дека неговото богатство проценето на 200 милијарди долари се наоѓа во банка и до истото има пристап во било кој момент. Ова е далеку од вистината. Најголем дел од богатството на Џеф Безос (околу 95%) доаѓа од вредноста на акциите на неговата компанија Амазон бидејќи поседува околу 52 милиони акции. Тогаш зошто не ги продаде акциите а парите да ги донира?
Безос поседува 10.3% од сите Амазон акции па дури и да продаде само дел од акциите, тоа ќе има огромно влијае врз цената и истата значително ќе падне. Уште еден важен фактор е тоа што тој е основачот на компанијата па кога луѓето ќе видат дека Безос одеднаш ги продава своите акции, веднаш ќе почнат разни шпекулации за иднината на компанијата. Ова креира паника што ќе поттикне многу други луѓе да ги продадат своите акции. Огромен број на акционери ќе изгубат милијарди доколку се случи ова. Важно е да се напомене дека акции во Амазон не поседуваат само најбогатите луѓе во светот туку и обични луѓе со просечни примања. Стотици илјади работници ќе ја изгубат работата бидејќи компанијата ќе се обиде на секој можен начин да ги намали своите трошоци.
Ова е вистина за повеќето милијардери. Нивното богатство е врзано за акциите што ги поседуваат а продавање на тие акции би направило повеќе штета отколку корист. Ова не значи дека тие не треба да направат ништо за да помогнат , само дека тоталното искоренување на глобалните проблеми не може да се постигне едноставно преку добротворни цели.
Следниот пат кога ќе видете објава во која пишува дека Џеф Безос заработува околу 150.000 долари за една минута, сетете се на овој пост. Таа огромна сума се должи на големиот број на акции што ги поседува но парите не може да ги добие додека не ги продаде акциите.
За повеќе финансиски совети следете го инстаграм профилот на МОИ ФИНАНСИИ