Утре изутрина ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.
Како што прогнозира УХМР, утре изутрина ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.
Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.