Хотелиерите се надеваат дека оваа година ќе има најмалку уште една тура ваучери за туризам, затоа што сметаат дека само оние ваучери кои засега се најавени се мала помош за нив. Велат дека имаат многу давачки, а плус се погодени од пандемијата. Лани ваучерите имаа вредност од 100 евра, а сега тие изнесуваат 200 евра, но ваучери ќе добијат само 1.250 граѓани со ниски примања. Хотелиерите се надеваат дека сезоната максимално ќе се искористи и дека ќе имаат туристи.
Јавниот повик за доделување на ваучери ќе трае до 30 месецот и дотогаш сите граѓани кои имаат приходи пониски од 30.000 денари ќе може да се пријават и да ги искористат ваучерите најдоцна до 30 ноември годинава. Оваа мерка е со цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети.
За да се аплицира потребни се повеќе документи. Апликантите треба да достават: пополнет образец за барање, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените.
извор: faktor.mk