Вечерва 2 часа затворен центарот поради презентација на противпожарна скала
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје на вечерва со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.„11 Октомври“, соопштија од МВР.
– За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул.„11 Октомври“ на потег од бул.„Кочо Рацин“ до ул.“Крушевска Република“, информираат од МВР и апелират до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.