Брендот за долна облека, Victoria’s Secret најави нов правец во рекламирањето, со нови лица како ангели на Викторија. Victoria’s Secret ги претстави своите нови портпаролки, меѓу кои се индиската актерка Пријанка Чопра Џонас и американската фудбалерка Меган Рапиное.
Пријанка (38) Меган (35), се придружуваат на списокот со други водечки икони кои се регрутирани да ја обликуваат иднината на брендот согласно неговата заложба за диверзитет, објави Page Six.
Порталот цитира анонимен извор кој пренесува дека “жените повеќе нема да позираат во долна облека, туку наместо тоа, ќе се појавуваат на подкаст и во маркетинг материјали за брендот“.
Мартин Вотерс е новиот одговорен шеф за меѓународниот пазар на Victoria’s Secret кој беше назначен за главен извршен директор во февруари. Како што тој изјави за Њујорк тајмс, тоа е промена што долго време се очекувала.
“Кога светот се менуваше, ние одговоривме премногу бавно. Треба да престанеме да се занимаваме со тоа – што сакаат мажите и да се позанимаваме со она што го сакаат жените“, рече Мартин Вотерс.