Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во април годинава изнесува 28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС)
Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, зголемувањето на просечната нето плата изнесува 5,5 отсто.
Ваквото зголемување во април оваа година се должи, пред сѐ, на порастот на просечната нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 отсто).
Зголемување на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 отсто).
ПРОВЕРЕТЕ КОЛКУ ТОЧНО ПЛАТА ЗАСЛУЖУВАТЕ - КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ