Комисијата за заразни болести одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници. Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.
извор: biznisinfo.mk