По најавите од УХМР за пороен дожд, грмежи и засилен ветар во текот на попладневните часови, Кризниот штаб за заштита и спасување на Град Скопје е подготвен да интервенира за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.
Град Скопје апелира до граѓаните поради најавеното невреме да избегнуваат движење во Градскиот парк, парк шумата Водно и Гази Баба, како и по патеките покриени со дрвја. Исто така, возачите да избегнуваат паркирање во близина на дрвја и движење низ подвозниците поради опасност од поплавување.
skopjeinfo.mk