Грција ги олеснува мерките од понеделник
Во Грција веќе не е задолжително да се носат заштитни маски на јавни места каде што нема многу луѓе, одлучија тамошните власти прифаќајќи ги препораките на експертите за заразни болести.
Грчкиот министер за цивилна заштита и кризни ситуации, Никос Харадалијас, објави дека заклучно со понеделник, повеќе нема да има полициски час, кој во моментов трае само три часа во текот на ноќта. Одлуката е донесена неколку дена порано од очекуваното, пренесува „Катимерини“.
„Нашето секојдневие се менува драматично на подобро“, рече Хардалиас.
Од понеделник се релаксираат мерките во угостителските објекти и на плажите. Десет лица можат да седат на иста маса во барови, кафулиња и ресторани, а во зградата е дозволено да има 300 лица. 120 лица на 1.000 квадратни метри ќе можат да се најдат на уредените плажи.