
Времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени.
извор: mkd.mk