Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средни училишта во државата, соопшти денеска Министерството за здравство.
– Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/22 година, се додава во соопштението.
Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.