Регулаторната комисија за енергетика денес ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела горивата поскапеа – бензините за 1,50 денари, а дизелот за еден денар.
Ова се актуелните цени на горивата:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71,00 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 63,00 ден/лит
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 0,50 денар/литар.