Ова е важна информација за сите оние кои планираат одмор во соседна Грција.
Од 15 јули, кафулињата и рестораните ќе бидат отворени само со негативен тест за Корона вирусот или потврда за вакцинација. Во исто време, ќе има установи што ќе прифаќаат само вакцинирани клиенти со две дози. Од понеделник во Грција стапуваат на сила новите барања за патување со траекти и меѓуградски автобуски линии. Возрасните и децата над 12 години можат да патуваат само со потврда за вакцинација, негативен тест за PCR или брз антиген тест.
Сопствениците на ресторани и инволвираните во сообраќајниот бизнис стравуваат дека овие мерки ќе доведеат до банкрот на ресторани и кафулиња, како и на целиот угостителско-туристички сектор.