Прототипот 1 на летечкиот автомобил air car, опремен so БМВ мотор и стандардно горивом од бензинска пумпа, го реализираше првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава.За разлика од eVTOL (електричен вертикален авион за полетување и слетањување), кој е сличен со големите дронови, air car е вистински автомобил – и тоа летечки. Тоа значи дека може да се користи за два вида превоз, на пат како автомобил, но и како авион. Ова превозно средство го развила компанијата Klein vision и прв пат е представено во 2019. година. Air car прототип 1 го направи својот прв лет на крајот на 2020 година и од тогаш имал 142 успешни слетувања и над 40 часа летање.
Професорот Стефан Клајн, иноваторот на ова превозно средство и основач на компанијата Klein vision, управал со возилото двата режима. Кога слетал во Братислава, го претворил air car повторно во автомобил – процесот на вовлекување на крилата и опашката траеле помалку од три минути, а потоа се одвезол со возилото во град. Според Klein vision овој вид на превозно средство ќе го преполови времето на патувањата.