„Ние сме свесни дека работникот, наместо да биде како и сите други дома со своето семејство, работел во недела, и тој за тоа треба да добие соодветна сатисфакција, односно треба да биде награден“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи,
Откако до пратениците стигнаа предлог законските измени на законите за работни односи и за трговија, со кои недела се прогласува за неработен ден, дел од бизнис заедницата вели дека генерално се согласува со нив и смета дека работникот навистина треба да се награди за работењето во недела.
Сепак, од Организацијата на работодавачи на Македонија велат дека тие барале, но во сегашната верзија на законските измени тоа го нема – во нив да влезат и оние дејности во кои заради временските услови има денови во кои не може да се работи, тие да можат да бидат надомесетени и со работење во недела. Односно, и сега законски е дозволено работодавачот, доколку работникот заради временските услови не може да оствари 40 часовна работна недела, тоа да му го прераспореди во други денови, па сега бизнисот бара тој ден да може да биде и недела.
Ова тие го барале да влезе во измените на ЗРО независно од дејностите кои во законските измени се наведени дека во нив мора да се работи во недела заради технолошко-технолошкиот процес, и за кои работниците треба да добијат 50 отсто повисока дневница, но и еден слободен ден во текот на наредната недела.
Инаку, факт е дека зголемената дневница за 50 отсто ќе ги зголеми трошоците на работодавачите, но како што објаснува Димитров, тие се свесни дека работникот заслужува да биде награден дополнителнио за работа во недела.
„Ние сме свесни дека работникот, наместо да биде како и сите други дома со своето семејство, работел во недела, и тој за тоа треба да добие соодветна сатисфакција, односно треба да биде награден“, вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи,
„Но, проблемот беше што некои газди не ги почитуваа тие одредби, па иако работеа во недела, на пример, а треба да го дадат вторник како слободен ден, тие тоа го ‘забошотуваа’ и работеа во текот на цела недела, а работникот практично немаше одмор. Сега нема да бидат можни тие злоупотреби“, објаснува Димитров.
Целиот текст ОВДЕ