Од понеделник започнува теренската вакцинација со која ќе се дозволи вакцинирање и на деца од 12 до 16 години со вакцината на Pfizer, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Оваа вакцина, посочи тој, во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.
Па така, родителите со своите деца може по своја волја да се појават директно на пунктовите за вакцинација, а во здравствените домови ќе бидат достапни и педијатри за советување.
“Поради детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во земјава“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
“Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени“, изјави Филипче.