Вакцинацијата на деца, која е најавена од следната недела, кај нас нема да биде задолжителна, потенцираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцината ќе биде достапна за деца од 12 до 16 години.
„Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против ковид-19 како задолжително, односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против ковид-19 за децата“,
рече Филипче.
Како што изјави и вчера, децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“, која во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст.