Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 28.02.2021 и неплатени до 31.05.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници објавени се 1.697 должници – правни лица (повеќе за 12 од претходната листа) и 2.858 физички лица (помалку за 20 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.152.059.673 денари, помалку за 519.108.895 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.019.448.830 денари (помалку за 434.444.456 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 132.610.843 денари (помалку за 84.664.439 денари од претходната листа).
извор: denar.mk