Вакцинацијата против ковид-19 никаде во светот, за жал не е задолжителна ни кај нас, ни нигде во светот, и затоа мораме да размислуваме за некои рестриктивни мерки, како на пример за настани на отворено и во затворен простор, со масовно присуство, како на пример киносали и културни настани, да се бара сертификат за примена вакцина, кажа денеска министерот за здравство.
„Свесни сме дека можеби и покрај сè што правиме, интересот за вакцинација нема да се зголеми. Размислуваме за некаква форма на рестрикција, ние не можеме и нигде во светот вакцинацијата не е задолжителна. Затоа мораме да размислуваме за некои други алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат“, кажа Филипче на денешната прес-конференција.
Франција и Грција наредија задолжителна вакцинација за сите здравствени работници, и воведоа рестрикции за невакцинираните граѓани. Франција на пример, воведе и специјални ковид-пропусници за сите што сакаат да одат во ресторан, трговски центар, болница, кино или да патуваат со воз и авион.
На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани, и како што кажа Филипче до крајот на јули треба да бидат 500 илјади вакцинирани. Тоа, според него е мала бројка, и затоа апелира до граѓаните да се вакцинираат.
извор: sdk.mk