Со оваа алатка може да проверите која вакцина каде е признаена
Доколку планирате да патувате, но не знаете дали вакцината со која сте вакцинирани е прифатена во земјата каде планирате да патувате можете да дознаете преку алатката на visaguide.world.
При користење на алатката, треба да ја одберете вакцината што сте ја примиле и земјата во која сакате да патувате, а потоа добивате информација дали таа вакцина е прифатена во таа земја.
Повеќето земји членки на ЕУ, ги одобрија само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) – што се Pfizer, Moderna, Astra Zeneca и J&J/Janssen.