Пивара Скопје и годинава го продолжи традиционалното партнерство со „Галичка свадба“ кое непрекинато трае веќе 47 години, од нејзините почетоци, до денеска
По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на одржување на прочуената културно-сценска манифестација „Галичка свадба“.
И оваа година, Пивара Скопје го продолжи традиционалното партнерство со манифестацијата, кое непрекинато трае веќе 47 години, од нејзините почетоци, до денеска. Покрај финансиска поддршка која има големо значење за одржување на континуитетот и високото ниво на Галичка свадба, компанијата традиционално обезбеди и пијалаци за учесниците во свадбeната церемонија.
Среќни сме што оваа година се создадоа поповолни услови запродолжување на традицијата на организирање на Галичка свадба. Традицијата е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, ни дава енергија и нѐ држи заедно во добро и во лошо и затоа треба да ја негуваме и поддржуваме. Сите ние во Пивара Скопје сме особено горди што нашата компанија и нашите брендови во континуитет се неизоставен дел од оваа свеченост која плени со својата автентичност, убавина и непроценлива вредност и претставува огледало на нашата традиција“, истакна менаџерката за корпоративни комуникации на Пивара Скопје, Марија Мининчиќ. Таа се приклучи кон апелот на организаторите за доследно почитување на мерките за заштита од Ковид-19 од страна на сите посетители и учесници во настаните од годинешната Галичка свадба, истовремено потсетувајќи и на препораките за одговорна консумација на алкохол и за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.
На годинешното 47 издание од оваа автентична манифестација, судбоносното „Да“ во живописниот Галичник ќе го кажат Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник.
„Ние сме многу среќни што се создадоа услови оваа година да продолжиме со оваа вековна традиција на Мијаците, која секако зазема посебно место во богатото македонското културно наследство“ - изјавија младенците.
Традиционално, официјалниот почеток на годинешната Галичка свадба ќе биде означен во сабота, на 17-ти јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши во недела, 18-ти јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.
Инаку, според Програмата на годинешната Галичка свадба, која и овој пат изобилува со најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации, започнува уште во петок, 16-ти јули, со настапот на групите Тоа е Тоа, Љубојна и БендОфф, а завршуваа во недела, 18–ти јули, со испраќањето на тајфата Мајовции посакување “здравојживо видување вгодина”.