![Нови мерки и нови цени во Албанија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/be/c55918eb-resize-820x0x100.jpg)
Од денеска, во Албанија ќе биде продолжено времето за пуштање музика, а полицискиот час и понатаму ќе биде на сила од 00:00 до 06:00 часот. Баровите и кафулињата имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, кое претходно беше до 22 часот. Од 15 јуни, дозволено е собирање до 50 лица на отворено, додека носењето маска во затворен простор сè уште е задолжително.
Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3% во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.
извор: biznisinfo.mk